Почетна страна Компјутери и хардвер ТВ Видео Аудио Камери и фотоапарати Форум Повеќе
Mk Eng
najevtino.com
GrabYourIdea

This is left content

Општи одредби

Опши услови за употреба

Податоците,информациите и апликациите на Najevtino.com се расположливи за употреба под следните услови:

Najevtino.com е интернет портал за помош на потрошувачите при купување со помош на споредба на производи меѓусебе во рамките на иста категорија и олеснето пребарување низ пооделните производи.

Najevtino.com збира податоци за продажните понуди на голем број македонски фирми и ги објавува на www.najevtino.com.

Содржините на порталот не се официјални, освен ако тоа не е посебно нагласено. Податоците,информациите и апликациите кои се постапни преку порталот www.najevtino.com, може да се променат без никакви предходни известувања и најави . Корисниците го употребуваат порталот на своја одговорност.

Najevtino.com не одговара за штета, посредна или непосредна, која би произлегла од достап, употреба или неможност на употреба на податоци, информации и апликаци на порталот. За правилност на податоците кои Najevtino.com ги добива од други субјекти, Najevtino.com ништо не гарантира и затоа е исклучен од секаква одговорност .

На одредени места Najevtino.com збира информации за корисниците (име, презиме, адреса, телефон, е-маил, ...). Корисниците ги даваат овие информации на Najevtino.com доброволно. Najevtino.com гарантира дека податоците нема да ги злоупотреби и нема да ги посредува на трети лица.

Корисниците на Najevtino.com се анонимни или регистрирани. Анонимните можат да ги користат бесплатните услуги (на пр. Преглед на податоци за производи, нивната залиха, цени,...). Регистрираните корисници добиваат пристап до некои апликации на порталот Najevtino.com кои не се достапни за нерегистрираните корисници. Регистрираните корисници имаат корисничко име и лозинка за пристап, врзано за лице кое се пријавило за услугата.

Корисиниците мора да ги почитуваат следните правила:

  • дека базата на податоци на системот на Najevtino.com како и самите податоци се заштитени во согласност со Законот за авторски и сродни права,
  • дека брендот Najevtino.com е заштитен во согласност со Законот за индустриска сопственост.   

This is right content